Заев: Ќе направиме обид да обезбедиме двотретинско мнозинство за СЈО
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе биде направен обид во Парламентот да се обезбеди двотретинско мнозинство за да може да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
- Ние имаме договор за оваа работа со коалициските партнери. Знаете дека тоа не е доволно, ни треба две третини и ќе се обидеме по пат на дебата низ Парламентот да обезбедиме две третини. Тоа е тешка една мисија заради тоа што нашите политички опоненти се навистина со спротивен став од нас, но ќе се обидеме по пат на дијалог низ комисиите во Собранието да се обидеме. Таа институција која што заедно со консензус ја формиравме заслужува да си го заврши својот мандат со заклучоци согласно тоа што ќе го истражува и дека ќе го комплетира, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Ги повика пратениците во Парламентот да останат, како што кажа, „на линијата на тоа што веќе еднаш сме го поддржале како политички партии, а тоа е работата за кое што е основано ова СЈО завршена онака како што тоа е замислено во Законот“.
Заев рече дека за десетина дена ќе бидат познати и имињата на замениците министри во Владата.
- Веќе разговараме, се надевам веќе за некои десетина дена ќе бидеме готови за да излеземе пред Парламентот со предлозите за замениците министри. Веќе се разговара за експертски решенија исто така ширум институциите. Посебно сме посветени на оние што ги викаме механизми за контрола преку Владата за да можат навистина да се воспостават такви сериозни контроли како што порано имав спомнато да ја чуваат Република Макецонија од СДСМ, рече Заев.
Во однос на реизборот на судиите, Заев рече дека ќе ги следат препораките на Венецијанската комисија, европските пракси поврзани со оваа проблематика.
- Верувам дека никој јавно нема да каже дека нема да се залага за независно правосудство. Во тој дел сите процеси што ќе ги придвижиме во делот на чесно поставување на независен правосуден систем, мислам на обвинителство и на судство мора да го направиме како чекор. Најочигледните пракси што биле во Европа се распуштање со реизбор каде што секој судија влегува во постапка да биде повторно избран.Сите чесни судии не треба воопшто да се плашат од ваквата постапка. Ќе ја водат експерти и никако политичари, рече Заев.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.