Македонија
9. September 2016 - 16:20

Заев: На Македонија и се потребни промени за подобра иднина

Имав 17 години кога на 8 септември 1991 година ја слушнав веста од референдумот за суверена и независна Република Македонија. Немав години за да можам да гласам, но имав надежи што на тој 8 септември се претворија во верба дека во мојата родена земја можам да станам дипломиран економист, дека ќе имам можност ако многу работам и ако чесно напредувам, да станам корисен граѓанин за мојата држава, дека тука ќе го основам своето семејство и тука ќе ја градам својата иднина пишува за Утрински Весник лидерот на СДСМ Зоран Заев

Чекор по чекор, но заедно се ослободуваме, сплотени еден до друг. Го кренавме гласот заедно. Заедно и ќе изградиме правна држава. Заедно и ќе создадеме правично општество на еднакви граѓани. Секој од нас е двигател на промените. Ние знаеме дека секој од нас заслужува пристојна работа, пристојна плата и достоинствен живот. Ние знаеме дека на нашите деца им е потребно образование што ќе мотивира, затоа што само така ќе создадеме способни и одговорни луѓе кон себе и кон својата земја.

Патот до стабилна и безбедна Македонија според Заев е, Македонија што се развива, Македонија што ја развиваат граѓаните кои мислат слободно, кои дејствуваат слободно, кои се изразуваат слободно и кои избираат слободно.

Поставувањето на државниот повеќепартиски систем, создавањето на армијата, на сопствена валута, меѓународното признавање на земјата, воениот конфликт, трасирањето на евроатлантските интеграции, политичките премрежија според Заев беа сериозни предизвици на една млада демократија којашто го полага тестот на зрелоста.

Подавам рака на сите, на вас младите, на вас раселените, на вас родителите, на вас чесните, трудољубивите, на вас трпеливите: создаваме едно општество за сите; отвораме шанса за сите; даваме можност на сите; секој е важен; ова ќе биде државата во којашто ќе се натпреваруваме според идеи; најсиромашните, најзагрозените, први ќе бидат заштитени; ќе обезбедиме економски стабилни семејства; ќе поддржиме социјално стабилни граѓани; ќе создадеме современа држава со модерни болници, училишта, патишта; ќе изградиме земја на достоинствени граѓани, просперитетна Македонија, дел од Европската Унија и НАТО; да се обединиме уште поцврсто, сите за Македонија; да ги задржиме младите во Македонија; да ги вратиме иселените; да си ја вратиме државата напиша Заев во својата колумна