Македонија
5. April 2021 - 16:27

Заев: Нема да понесам и нема да барам одговорност, овде сме да им служиме на граѓаните

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали ќе понесе одговорност поради задоцнетите мерки кои се најавени денеска одговори дека нема да поднесе оставка ниту ќе бара одговорност од некој.

„Апсолутно, нема потреба од одговорност. Ако има конкретна причина, освен мачнотија во душата кај сите нас, кажете. Овде сме да им служиме на граѓаните. Овие луѓе, почнувајќи од министерот Филипче, па сѐ до здравствените работници, се херои и лично ќе им давам медали", рече Заев. „Кажете каква одговорност барате. Дали моја оставка, или на Филипче? Оставката не е проблем. Нашите здравствени власти прават максимум. Тие се нашите херои, од Филипче до секој здравствен работник. Подготвуваме ордени и благодарници и јас лично ќе ги делам. Ако мислите дека одговорноста ќе помогне, грешите. Секогаш се носат мерки кои се врз база на анализите и се слични со тие во други земји. Немаме економски приоритети на сметка на здравствените приоритети. Економски сме добри, но сепак не треба да предизвикуваме опасност за економијата. Нема да понесам и нема да барам одговорност. Верувам дека се потребни позитивни вести. Апсолутно, нема потреба од одговорност. Ако има конкретна причина, освен мачнотија во душата, кажете. Овде сме да им служиме на граѓаните“, рече Заев.