Македонија
13. јуни 2021 - 21:09

Заев: Ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува

Честитки до Горан Пандев и до македонската репрезентацијата за првиот, историски гол на ЕП за Македонија, објави вечерва на Фејсбук премиерот Зоран Заев, додавајќи дека ние сѐ уште се загреваме за Европа, нашата најдобра игра допрва следува!

– Го живееме сонот кој го чекавме 30 години, да заиграме на Европското првенство во фудбал, рамо до рамо со најдобрите.Бие срцето силно за црвено-жолтите, за нашата македонска гордост. Со полна душа го следевме секој ваш чекор на теренот, покажавте одлична игра, нѐ направивте горди и среќни, истакнува премиерот Заев во објавата.