Македонија
10. March 2017 - 20:30

Заев објави владина програма преку која повторно бара мандат - ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ги лаже граѓаните

Преку предлог Владина програма програма, лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно го побара мандатот од Претседателот Ѓорѓе Иванов. Тој и овојпат не ја отфрли Тиранската платформа, но рече дека уставните експерти му кажале дека печатење двојазични пари и промена на државните симболи било спротивно на уставните одредби. 

Но, одговарајќи на новинарско прашање, само неколку минути подоцна тој се демантираше самиот себеси.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Заев денеска конфузно се обидел да ги излаже граѓаните. Откако ја прочитал програмата, тој се сокрил зад празните флоскули дека ќе се дискутирало во иднина за химната, грбот и знамето, но и дека за тоа ќе одлучивале експерти.

Понудата за малцинска влада, која би била предводена од првиот човек на социјалдемократите, и која нема да биде на штета на националните интереси на РМ, беше повторена и денеска. А доколку Заев е убеден дека Платформата од Тирана е позитивна за нашата земја, од ВМРО – ДПМНЕ бараат заедно со локалните, да се одржат и предвремени парламентарни избори, па граѓаните да се изјаснат за секоја програма.