Македонија
10. May 2021 - 16:51

Заев од Брисел: Идентитетските прашања не може да бидат на масата за преговори

Премиерот Заев  на средбите со шефицата на ЕК Фон дер Лајен и еврокомеарот Вархеји  во Брисел со јасна порака  дека Македонија е единствeна во ставот дека нема да дозволи  да се преговара за  идентиетските прашања како услов за почеток на преговорите со Европската унија.

- Дојдовме овде во Брисел да и кажеме на ЕК... Ние сме пример за дијалог, за решение, но прашање за кое никогаш нема да се разговара се македонскиот јазик и македонскиот идентитет, рече Заев

Заев од Фон дер Лејен   побарал да се вклучи во   во решавање на спорот со Бугарија бидејки како што рече се работи за драгоцен момент кој ако се пропушти, најверојатно ќе се чека до  2022 година. Што се однесува пак до евентуалното раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, премиерот смета дека тоа ќе испрати погрешни сигнали за целиот регион.

- Наш интерес е да одиме заедно. Интерес на Албанија е да одиме заедно, да си помагаме заедно низ целиот овој процес и им посакувам на нашите соседи најдобро, исто како што им посакувам на нашите граѓани, но прагматизмот кажува дека Европа не смее ни да помисли на некои различни сигнали кои не се принципиелни, второ е невозможно. Трето, за да има следни успешни разговори, Србија-Косово, Босна и уставот, сето тоа што се разговара мора да го дадат сигналот на награда, кажа Заев.

Според премиерот токму  појавата на таканаречените нон пејпери е доказ дека во отсуство на ЕУ во регионот можни се и други сценарија кои би можеле да го дестаблизараат целиот Балкан.