Loading Video...
Македонија
19. December 2015 - 16:18

Заев, Палифров и Верушевски ќе треба да сведочат пред Анкетната комисија за прислушувањето

За случајот Пуч, пред Анкетната Комисија треба да сведочат и Зоран Заев, Александар Верушевски и Бранко Палифров, бара ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ како четвртоосомничен во случајот „Пуч“ треба да се појави  да сведочи и да одговори на прашањата од пратениците.

Александар Верушевски и е познат на јавноста по своето проблематично и криминално дејствување, како и постојаната закрила која ја имаше од неговиот татко Зоран Верушевски, кој е и прво обвинет во аферата Пуч.

Младиот Верушевски беше осудуван со затвор за обид за изнуда во едно струшко кафуле, а меѓу кривичните дела му се запишани и обид за убиство, газење човек со автомобил инаку службено возило на МВР додека неговиот татко Зоран беше на позицијата прв човек на агенцијата за разузнавање, и носење пиштол.

Постариот Верушевски постојано повторуваше дека син му го местат .

Александар Верушевски стана дел и од аферата Пуч. Тоа можеше да се види и во шифрираните пораки кои ги заплени полицијата  при претресот, во кој младиот Верушевски се фали дека Заев ќе му купи и автомобил.

-Татко ми е супер и го порача следново, јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Значи пренеси му секако да си тера по планот, без пазарење со никого.

-Рече ние да сме обезбедени максимално. Договорот со Зајко знаеш и ти како беше договорено, тоа значи јас ќе возам нова кола, ха, ха, ха.

-Ти како си и како ти е таму и кажи му Зајко компјутер ми фалит.

Во емисијата „Топ тема” , Заев самиот потврди дека на синот на Верушевски му купил компјутер.

- Точно е дека бев подготвен да купам и автомобил за семејството Верушевски, рече Заев и објасни дека во случај да успеела операција за извлекување на семејството од земјата, тие не би можеле да патуваат со нивниот стар автомобил, изјави Заев.

Заев треба да одговри на многу дилеми поврзани со случајот Пуч. Колку материјали поседува, и зошто прво тврдеше и ја лажеше јавноста дека не го познава Веруешвски.

Весникот Фокус на 1 февруари напиша дека Верушевски бил соработник на Црвенковски а дека со Заев не се познавал. Пет дена подоцна јавноста го виде писмото кое Заев му го испратил на Верушевски. Во него, јасно стои дека е пишувано на 20 јануари, 9 дена пред изјавата на Шилегов дека Заев не го познава Верушевски. Во писмото јасно се гледа дека Заев и Верушевски имале многу блиски контакти па дури и договарале работа „со пријателите од надвор“.  Истиот периодс во интервју за 24 вести, Заев призна дека лично го напишал писмото на Верушевски.

-Верушевски е еден од кадрите кој е стручен за оваа работа, имав потреба од консултации, се случија две средби со Верушевски за да можам да добијам анализа за тоа што треба да правам, истакна Заев.

Пред Анкетна е повикан и Бранко Полифров  кој е десна рака на Заев и одговорен за финансиското работење на општината. Освен по непотизмот и вработувањето на целата своја фамилија, Палифров е познат по тоа што ја криеше сопругата на Зоран Верушевски.  Се соочува со обвининение за помагање во аферата Пуч.