Македонија
22. September 2021 - 12:06

Заев: Просечната плата се движи кон 30.000 денари

Првиот човек на Владата, Зоран Заев преку социјалната мрежа фејсбук сподели податоци, кои, како што вели, покажуваат дека македонската економија е стабилна и развојна.

„Расте просечната исплатена нето-плата по вработен. Во јули годинава просечната исплатена нето-плата по вработен изнесува 28.540 денари и е за 4,8% поголема од истиот месец лани.

Континуираниот раст на платите, е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата.

Просечната плата се движи кон 30.000 денари, остануваме посветени на реализација на стапките на економски раст од 4-5% и на покачување на платите за 20% до 30%, сѐ со цел подобрување на стандардот на граѓаните и економијата во земјата“ - потенцираше Заев во својот статус на фејсбук.

Покрај растот на просечната плата, како што напиша Заев, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност во индустриските зони и историски пад на невработеноста.