Заев: Се грижиме за драгоценото македонско културно наследство, офицерскиот дом во Битола блеснува во стариот свој сјај

Премиерот Зоран Заев денеска заедно со министерката за култура Ирена Стефоска извршија обиколка и се информираа за динамиката на реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола, кој доби нов лик , со целосно задржани културно – историски специфики.

„Се грижиме за драгоценото македонско културно наследство, кое им го оставаме на идните генерации. Офицерскиот дом во Битола блеснува во стариот свој сјај. Со реконструкцијата, Офицерскиот дом доби нов лик, со целосно задржани културно-историски специфики.
Овој објект е од големо значење за битолчани и неговото постоење е совршен спој на минатото и сегашноста, на културата, традицијата и историјата. Започнат во времето на Отоманската империја и изграден за време на српското владение на овие простори во 1919 година. Офицерскиот дом кој се користел за балови, а има најсоодветна акустична сала за концерти ќе биде ставен во функција во 2021 година“, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
