Заев: Седењето дома е комплетна поддршка на нашиот опонент
Премиерот Зоран Заев во своето гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител рече дека седењето дома и неизлегувањето на гласање го смета за поддршка на нивниот опонент.
- Многу наши гласачи останаа дома. Ние не сме победени од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ниту во Скопје ниту во другите општини. Тие имаат дури и помалку гласови од тоа што имале, но ние имаме многукратно помалку гласови. Луѓето останаа дома од различни причини и целото тоа е таргетирано да ги мобилизираме да излезат. Еден дел од слободоумни граѓани или до крај нецелосно упатени со политиката викаат „абе добро ќе има втор круг во вториот круг ќе излезам“, еден дел си адресираа сериозна казна, ни дадоа жолт картон комплетен заради незадоволство од одредени афектирања на политиките и сето тоа е причина зошто граѓаните останаа дома. Верувам ги адресиравме променивме многу во нашиот пристап се со конечна цел да мобилизираме излезеност. Ако навистина некој одлучил дека треба да не промени, да ја казни власта, локална, градска, државна и сл. може тоа да го направи на изборите, но ако мисли дека треба да не поддржи треба да излезе исто така, но седењето дома според нас е комплетна поддршка на нашиот опонент, изјави премиерот Заев во Дневникот на Сител.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација