Македонија
5. јуни 2021 - 11:45

Заев: Шилегов е нашиот фаворит

Премиерот Зоран Заев на денешанта прес-конференција уште еднаш потврди дека Шилегов е фаворит на СДСМ за претстојните локални избори, по вчерашните шпекулации дека владејачката партија и ДУИ ќе излезат со заеднички кандидат Албанец.

-Јас сум претседател на СДСМ и им давам поддршка на кандидатите за градоначалници бидејќи тие посветено работат изминативе години. Ќе се слушнат и мислењата на граѓаните. Ја верувам дека Шилегов има изградено висок рејтинг бидејќи во време на пандемија и во време на референдум се работеше. Локалните избори се избори на личност. И тој е добра спојка за сите коалициони партнери, кажа Заев.