Заев во Љубљана на средби со Пахор и со словенечки бизнисмени
Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ја продолжува официјалната посета на Република Словенија.
Заев денеска ќе ја продолжи посетата со работен појадок со делегација на словенечки стопанственици.
Претседателот на македонскиот Влада ќе се сретне и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија Милан Брглез, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.
Во состав на македонската делегација се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.
Премиерот Заев вчера се сретна со словенечкиот премиер Миро Церар, додека министрите во македонската Влада кои се дел од делегацијата имаа билатерални средби со нивните колеги од словенечката Влада, а потоа се одржа и заедничка, пленарна средба на министрите на двете влади.
Заев имаше средба и со припадниците на МВР на Словенија, кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедувањето на јужната граница за време на мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас