Заев: За подобар Западен Балкан
Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша изутринава на Фејсбук премиерот Зоран Заев по вчерашната средба на лидерите од регионот за иницијативата за регионална соработка оценета како „мал шенген“.
– Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти; Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи; Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите; асилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации; Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации; Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди, наведува Заев на ФБ.
Иницијативата што ја промовираа лидерите на Северна Македонија, Албанија и Србија, како што беше нагласено вчера во Охрид, не значи отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе. Лидерите на државите од Западен Балкан оценија дека регионот треба да го овозможи тоа не само заради исполнување на европските критериуми во рамки на евроинтеграцијата, туку повеќе заради подобрување на трговската, стоковата, размената на бизнис-идеи, слободата на движења на луѓе и работна сила, сето во насока на креирање услови за подобрување на стандардот на граѓаните кои живеат во овој дел на Европа.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка