Загинати и повредени откако автобус се преврте кај Ласкарци
Над 20 повредени лица доцна попладнево се транспортирани на скопските клиники и во ГОБ 8. Септември, јавува репортерот на Сител од Ургентниот центар.
Неофицијално, 5 до 6 лица загинале на самото место кога автобусот на компанијата Дурмо – Турс кој сообраќал на релација Скопје- Гостивар, излета од патот кај селото Ласкарци и се преврте на покрив.
Петмина од повредените се згрижени во Ургентниот центар, и според изјавата на д-р Хасани за Сител и се животнозагрозувачка состојба на кои итно им е потребна хируршка интервенција.
Меѓу овие повредени има и една трудница, а останатите се возрасни лица. Поради сериозноста на повредите мобилизиран е целиот медицински персонал на Ургентниот центар и ослободени се сите операциони сали, изјави д-р Хасани.
Повредените главно се со повреди на екстремитеите и абдоменот.
Инаку, 13 возила на Итната помош од Скопје, Тетово и Куманово интервенирале, а 9 скопски амбулантни возила по 2 пати се враќале да ги превезат тешко повредените лица во Скопје.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право