Захарова: Да се истражи случајот Скрипал, а не веднаш да се обвинува Русија
Москва денеска побара од Велика Британија да спроведе истрага за случајот за труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, наместо веднаш да ја обвинува Русија, изјави денеска портпарлката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Нејзината изјава иследи по коментарот на шефот на британската дипломатија Борис Џонсон дека Русија е „ангажирана во низа злокобни активности“
- Постојат некои правни процедури. Како лице кое е ангажирано во политиката и нема никакви врски со службите за спроведување на законот може да изјави такво нешто, посочи Захарова, оценувајќи ја изјавата на Џонсон како „апсурдна“.
Таа додаде дека неопходно е да се спроведе истрага.
Џонсон изјави дека Велика Британија „силно“ ќе одговори ако се докаже дека Русија е виновна за болеста на Скрипал и неговата ќерка.
Во меѓувреме, британската полиција соопшти дека антитерористичката полиција води истрага за мистериозната болест на поранешниот руски двоен агент и неговата ќерка, кои се во болница и во критична состојба.
Скрипал и неговата ќерка во неделата беа пронајдени на улица во Солсбери, 145 километри западно од Лондон. Се претпоставува дека биле изложени на непозната материја.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата