Македонија
2. October 2015 - 16:33

Заканите од ОНА кон македонските политичари продолжуваат

Станбениот комплекс Соравија на Водно бил гранатиран со истите гранати како и македонската Влада. Вештачењето на проектилите покажало дека се работи за гранати калибар 40 милиметри што покажува дека напаѓачите кои во неколку наврати целеа кон владата и оние кои извршија напад над станбената зграда пукале од истото оружје.

Дополнителна потврда дека се работи за истите лица доаѓа и од комуникето кое го објавија косовските медиуми зад кое повторно стои потписот на извесен командант Куштрими. Во него се тврди дека нападот е режиран и спроведен од специјалната единица на ОНА со испукување на 12 гранати. Понатаму реториката станува остра а заканите сериозни. 

Никола Груевски, Сашо Мијалков и сите тие што помагаат против албанскиот народ сега веќе имаат причина за да се плашат за нивната и бебедноста на нивните деца од единиците на ОНА кои се способни за реализација на задачи во секој град од Македонија.

Бараме ослободување на затворениците на ОНА кои се уапсени со политички монтирани процеси од 2003 се до последниот трагичен настан во населбата на јунаците (Дивo насеље) во Куманово.

Проценувајќи ја ситуацијата, зголемена  е подготвеноста на  сите единици на терен за да се стават во одбрана на албанскиот народ од секаков напад кој им се врши.

Даваме до знаење дека нашите напади ќе се пренесат во територии населени со славо македонци.

Од МВР велат дека комуникето сериозно ќе биде проверено. Веќе бил направен контакт со косовските служби зашто сомненијата   едека иако во комуникето авторот вели дека е во Скопје, тој всушност заканите ги испраќа од Косово.

Нивото на безбедност беше подигнато по акцијата во кумановско Диво насеље од кога зачестија заканите по животот и безбедноста на највисоките претставници на државната власт и полицијата.