Македонија
9. February 2020 - 16:33

Законот за Јавно обвинителство утре во Собранието, има ли власта двотретинско мнозинство?

Власта ги прави последните обиди Законот за јавно обвинителство да биде донесен пред распуштање на Собранието. Владата доцна вечерва до закондоавниот дом ќе го испрати законското решение. 3 дена пред послендиот рок Заев вели дека не знае дали е обезбедено 2/3 мнозинство, но негира дека се вршат уцени и закани врз пратеници во замена за поддршка. Лидерот на СДСМ денеска повторно апелира до опозицијата да се вразуми заради како што вели европската иднина на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од своите барања. Најавуваат поддршка на секое законско решение кое ќе биде подготвено од ексерти и кое ќе има цел да врати правдата, а не да ги штити криминалите на владејачката структура.

И техничкиот премиер Спасовски повикува пратениците да ги надминат партиските интереси и да го поддржат Законот за јавно обвинителство за Срвопскиот совет да има причина повеќе да донесе позитивна одлука за старт на преговорите со Македонија.