Македонија
12. December 2019 - 16:54

Законот за јазиците нема да се менува, „Венецијанска“ ќе се спроведе преку измени во други закони

Препораките на Венецијанската комисија ќе се имплементираат без да се менува Законот за јазиците. Премиерот Заев вели дека вакви совети добил од правните експерти и дека покрај бројните забелешки граѓаните сепак имаат право да го користат албанскиот јазик.

Заев потенцира дека препораките на Венецијанската комисија во однос на судските постапки може да се имплементираат преку измени на Законот за кривична постапка и Законот за судови, кои се носат со дво-третинско мнозинсвто. Какви измени ќе претрпат овие законски решение ќе утврдува посеба комисија до крајот на недекава.

И покрај тоа што ден по обајвувањето на забелешките на Венецијанската комисија, премиерот Заев најави ревидирање на Законот за јазиците, денеска вели дека не ретерира од своите ставови, туку дека крајната цел е сите граѓани да имаат можност да го користат својот мајчин јазик. Тврди дека колаицијата со ДУИ функционира беспрекорно и дека заеднички во овие две години постигнале огромни успеси.