Македонија
24. January 2020 - 19:32

Законот за ЈО нов услов за Брисел? - Власта и опозицијата на преговори

Пропадна првата работна средба на министерката за правда Рената Дескоска со сите пратенички групи во парламентот за законот за обвинителство. Опозциската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата со две барања: за законот да се организира јавна расправа, и на работните состаноци да учествува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески како засегната страна од законското решение.

Писмените забелешки на законот кои беа најавени од лидерот Мицкоски ќе бидат предадени во оној Момент кога ќе бидат исполнети нивните услови.

Дескоска го прифати барањето за јавна расправа, но не и за присуство на Јовески на работните состаноци, иако ќе биде поканет на јавната рпарава во парламентот. Тврди дека присуствотот на државниот обвинител било само изговор на ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти средбата.

И Јовески смета дека не му е местото во политичќките разговори, туку во само во стручната дебата. Смета дека законот е добар.

Министерката тврди дека за последната верзија на законот согласност дале пратенички групи на СДСМ и на ДУИ, додека позитивни сигнали и конструктивни забелешки на средбата дале од групата на 8-темина независни пратеници.

На работната средба, по барање на опизцијата присуствуваа и претсатвници на американската амбасада и канцеларијата на ЕУ, како и на гражанските организации за борба против корупцијата.