Македонија
13. January 2020 - 16:43

Законот за поништување на лустрација не влезе во собраниската Комисија

Заглави собраниската процедура за поништување на лустрацијата што го бараше СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ, но и владините ДУИ и Демократската партија на Турците не учествуваа во работата на матичната комисија за политички систем и не можеше да се обезбеди кворум.  Пратениците на опозицијата пред собраниската сала чекаа во пралламентот да дојде минситерката за правда Рената Дескоска за да го објасни законот, додека пак, пратениците на ДУИ не се ни појавија на седницата.

Опозицијата претходно се изјасни дека нема да го поддржи овој закон, бидејки Македонија ќе остане единствена држава во југоисточна Европа што не спровела лустрација против оние кои од политички и материјални побуди соработувале со тајните служби.

Законот за поништување на законот за лустрација е уште еден во низата закони кои го блокираат парламентот.  Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека се работи за предизборни активност на партиите.

Законот за лутстрација со воведување на дополнителен услов за вршење на јавна функција беше донесен со поддршка на сите политички партии во 2008 година, а потоа неколку пати беше менуван. Претсана да важи во 2015 година, а списокот на устрирани се заокружи на околу 300 сегашни и поранешни функцинери.