Македонија
29. јуни 2022 - 20:07

Законот за работни односи, денеска го одложи изборот на јавни обвинители

Законот за работни односи, денеска го одложи изборот на јавни обвинители кои треба да пополнат места во обвинителствата низ земјава. Се чека одлуката дали ќе им биде продолжен работниот век на обвинителите, но и нивни оценки да пристигнат до Советот за јавни обвинители, за да започнат да се пополнуваат празните места. Поради двете правни пречки Советот едногласно одлучи изборот на јавни обвинители да биде одложен за некоја од наредните седници.

Недостатокот на обвинители како долгогодишен проблем се истакна и на денешната седница на Советот. Се кубири со кадар низ сите обвинителства, а обвинители нема ни за лек. Само во Обвинителството за гонење организиран криминал се бараат четворица обвинители, а ребуплилчкиот обвинител денеска побара да се распише оглас за двајца обвинители во ОЈО, предлог кој беше едногласно прифатен.

Донесувањето на законот за работни односи, според Советот ќе ја ублажи состојбата во Обвинителствата, а на есен очекуваат да добијат засилување и од 29 слушатели од Академијата за судии и јавни обвинители.