Заменик-градоначалникот на Град Скопје Александар Трајановски поднесе оставка: „Со јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ“
Заменик градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски поднесе неотповиклива оставка. Тој во своето излагање пред советниците на Советот на Град Скопје ги наведе причините што го довеле да го преземе овој чекор.
Трајановски, меѓу причините за неговата оставка ги наведе раководењето со Град Скопје и со јавните претпријатија, како што ја нарече, на група од Сарај од ДУИ. Тој посочи дека на почетокот при преземањето на раководењето на градот, Данела Арсовска посочуваше дека ќе се бори со оваа група која ги партизираше институциите што.
„Денес, градоначалничката на Град Скопје токму од таа екипа назначува директори. Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде. Изминатава година, Град Скопје со сите ресурси и капацитети работи на проекти исклучиво во Сарај, како да не постојат останати општини во Скопје“, рече Трајановски.
Исто така, Трајановски истакна дека неотповикливата оставка ја поднесува и поради малтретирањето на инвеститорите и постојаниот мобинг врз вработените, како поради напуштањето на програмата за „Модерно Скопје“.
„Поради неконзистентноста на јавните политики, неконзистентноста на департизацијата на јавните претпријатија, поради неконзистенстноста во назначувањето и именувањето на директори во јавните претпријатија и институции и поради целосно напуштање на програмата на „Модерно Скопје“, поради безидејноста во справувањето со проблемите на градот и општините, поради незрелата политичка пресметка со градоначалниците на сите скопски општини, освен Сарај, заради секојдневното малтретирање на граѓани, инвеститори, стопанственици домашни и странски, како и поради постојаниот мобинг и изживување, репресирање на вработените во Градот и јавните претпријатија“, истакна Трајаноски.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина