Македонија
24. September 2015 - 21:28

Заменик министерот за економија Делев во посета на Струшкиот регион

Заменик министерот за економија Христијан Делев попладнево го посети Струшкиот регион каде на верниците од Исламска вероисповест им го честиташе празникот Курбан Бајрам.

Делев посети четири населени места, каде со жителите на селата Лабуништа, Бороец, Октиси и Подгорци разговарале за тековни и идни проекти, но и за можноста да им се помогне во одредени области.

-  Како Влада остануваме посветени, блиски до народот и се надеваме дека во иднина можеме да имплементираме поглем број проекти кои ќе им помогнат на луѓето во овој крај, изјaви Делев, по посетата.