Македонија
29. May 2019 - 19:30

Заменик министерот за култура учесник во сообраќајна несреќа - вели ќе понесе одговорност, ако тој бил виновен

Заменик - министерот за култура Владимир Лазовски учествувал во сообраќајката што попладнево се случи на крстосницата меѓу Собранието и Градската болница. Тој го управувал автомобилот марка пежо, кој што се судрил со мотор. Во сообраќајката, заменик - министерот поминал без повреди, додека мотоциклистот бил полесно повреден и пуштен на домашно лекување. 

Лазовски ја потврди ваквата информација преку својот фејсбук профил.

“Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност”, напиша тој на фејсбук.

По завршување на прегледот, Лазовски се вратил на местотот кај што се случила сообраќајката. Од МВР ја потврдија ваквата информација, но повеќе детали најави по завршување на увидот.