Македонија
17. јуни 2016 - 13:35

Заминал по огревно дрво, пронајден мртов

Шеесет и девет годишниот Г.Д. од село Кучичино бил пронајден мртов.

Тој завчера заминал да сече огревно дрво со коњска запрега и се упатил кон местото викано „Солен дол“, а околу 10 часот бил пронајден мртов над селото Чифлик, кочанско.

Од страна на итна медицинска помош констатирана била смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Кочани, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.