Македонија
24. September 2019 - 11:51

Започна саемот на книгата во Валандово

На градскиот плоштад во Валандово вчера, денеска и утре се одржува саем на книгата на кој со свои примероци од различни литературни жанрови се претставуваат издавачките куќи „Едука Мак“, „Матица“ и „Полица“.

- Влогот во книгата секогаш е правилен избор поради што ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ги посетат штандовите кои се поставени под отворено небо и да го збогатат својот литературен фонд, велат од Домот на културата во Валандово кој е организатор на саемот на книгата под покровителство на Општина Валандово.

Организаторите нагласуваат дека ова е одлична прилика за купување книги по намалени цени и поволни услови. Изборот е навистина богат затоа што се нудат дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература.