Loading Video...
Спорт плус
7. November 2019 - 13:42

Започнува 49-тото издание на „Златниот гонг“

Од денеска до сабота во Скопје се одржува меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“
 
Во СЦ „Борис Трајковски”, денеска започнува 49-тото издание на „Златниот гонг“, манифестација која годинава го одбележува јубилејот 50 години од своето постоење. 
 
Само во далечната 1988 година не се одржа оваа меѓународна боксерска манифестација, но затоа на годинашното издание се очекува врвен бокс. 
 
Вкупно 25 боксери од 8 земји ќе настапуваат на овој турнир, а Македонија ќе има четворица репрезентативци. 
 
Денеска на програмата се прелиминарни борби (17), а веќе утре полуфиналните, на кои ќе настапат и тројца наши боксери, а финалните борби на програмата се во сабота со почеток од 15 часот. 
 
Настап на македонските боксери:
 
Полуфинални борби (петок)
56 кг. Оран Шакировски – Ник Вебер (Словенија)
60 кг. Јасин Јама – Бесфорд Мелаку (Косово) 
75 кг. Арсим Етеми – Бесарт Пирева (Косово) 
 
Финални борби (сабота) 
64 кг Алим Насуфи – Шпетин Бајоку (Косово)