Живот
9. February 2016 - 22:32

Запознајте ја најзгодната професорка во Македонија

Aко до пред некоја година кај нас беше вистинска реткост да се видат девојки кои напорно вежбаат по теретани денес тоа дефинитивно не е така. Една од тие девојки која што преку вежбањето успева да изгради и оддржува совршено тело, а истовремено и психички да се релаксира е и скопјанката Александра Мирчевска.

Александра која инаку по професија е професорка по Италијански и Хрватски јазик и овластен судски преведувач од македонски на италијански и обратно тренира веќе од 2009 година, а во 2015 година освојува брнза на државниот куп во Боди- билдинг.

– Вежбањето ми е единствен начин да побегнам од се она што ме оптоварува во некој мој свет во кој јас владеам и во кој како се да зависи од мене. Колку е тренигот е понапорен толку и денот ми е поисполнет, вели Александра.