Живот
4. December 2015 - 11:51

Заразил најмалку шест жени - Уапсен маж кој намерно пренесувал ХИВ!

Маж (30) од Рим е уапсен за намерно ширење на ХИВ вирус. Тој го пренел вирусот на најмалку шест жени со кои имал незаштитен однос, иако знаел дека е заразен.
 
Неименуваниот маж, жените ги запознавал преку социјалните мрежи, а во затвор ќе остане се додека не се утврди дали вирусот го пренел и на некој друг.
 
Тој изјавил дека не сакал да им наштети на тие жени, туку само дека „донел лоша одлука“, пишува index.hr.
 
Живеев со некои од овие жени. бевме заљубени, појадувавме. Зошто би ги повредил? Ситуацијата беше слична на руски рулет - изјавил тој во полиција.
 
Неговиот адвокат изјавил дека овој Италијанец мислел дека може да ја контролира својата болест и да го смали нејзиното влијание врз партнерките со кои имал односи.