Засадени грмушки околу инклузивното игралиште во населбата Влае
На просторот од почетокот на инклузивното игралиште во населбата Влае 2, до платото „Делфина“, денеска се засадени нови, ниско украсни грмушки од типот „Buxus“ и „Juniperus“, информираат од општината Карпош.
Новото зеленило, како што се посочува, го опкружува целото инклузивно игралиште кое е со намена да овозможи рекреација и за децата со попреченост. Исто така, со цел да се обезбеди поголема безбедност на најмладите, локалната самоуправа околу него постави и заштитна ограда.
Тоа е уште една зона за рекреација, наменета за најмладите и нивните родители, баби и дедовци. Локалната самоуправа се стреми да ги облагородува јавните површини, да создава катчиња кои ќе го поттикнуваат меѓугенерацискиот соживот и дружба. Неодамна, нов детски парк се направи и во Криви Дол, а тековно се санираат и постоечките детски игралишта, наведуваат од општината и повикуваат на правилно користење реквизитите на сите игралишта, како и да се води сметка за заштита на животната средина и урбаната опрема (клупите и корпите за отпадоци).
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари