Бизнис
30. January 2017 - 19:40

Засилени инспекциски контроли на угостителските објекти - се проверува дали се почитува забраната за пушење

Над 800 контроли од Нова година и 47 казни. Пазарните инспектори во засилени контроли. Се проверува дали се почитува Законот за заштита од пушење. Најчесто се контролираат угостителските објекти кои во зимскиот период особено го кршат законот.

Согласно закон пушењето е забрането во сите угостителски објекти. За да запали цигара, пушачот треба да излезе пред објектот и да седне на тераса која е отворена од три страни.

Законот предидува и казни за прекршителите. За правното лице казната изнесува зод 2000 до 4500 евра, а за пушачот од 150 до 300 евра, или 100 евра ако казната ја плати на лице место.

Инспекторите најавуваат дека конторлите ќе траат ив о нарендиот период со несмален интензитет.