Македонија
14. November 2015 - 12:17

Засилено обезбедување во Берлин

Германската полиција го засили обезбедувањето во главниот град Берлин по синоќешните инциденти во Париз каде што загинаа најмалку 128 луѓе, јави дописникот на МИА од германската престолнина.

- Во текот на ноќта ги прилагодивме мерките за бедбедност, изјави портпарол на берлинската полиција за медиумите но притоа не се даде детали дали и Берлин може да се соочи со насилство од страна на Исламска држава.

Дел од мерките за засилена безбедност се физички пречки пред дипломматските претставништва на Франција, вклучително и пред амбасадата каде што знамињате се на половина копје.