Македонија
18. January 2021 - 16:40

Затворени два од ковид одделите на Интерните клиники

Се затвораат Ковид центрите на Очната и Клиниката за уво нос и грло. Утринава 14 –те пациенти со корона сместени на одделите на очно и орл биле префрлени на Неврологија и гастро. Двете здравствени установи 3 месеци примаа и третираа пациенти со компликации од корона кои имале потреба од болничко лекување. Од здравство најавија дека од утре очно и орл ќе продолжат да работат нормално со пациенти кои имаат потреба од лекарски преглед или интервенција.

- Според дневниот извештај од Министерството за здравство во моментов на Интерните клиники кои продолжија да функционираат како ковид центри се хоспитализирани 95 пациенти позитивни или суспектни на вирусот.

Инаку продолжува да се намалува бројот на хоспитализирани на инфективните одделенија низ Македонија. Од министерството информираат дека на болничко лекување има 650 пациенти со Ковид -19, а имало уште толку слободни кревети.