Затвореник тврди дека отслужил доживотна казна оти на кратко бил прогласен за мртов
Американски суд отфрли ослободително барање на затвореник, кој тврдел дека отслужил доживотна казна бидејќи на кратко бил прогласен за мртов.
Шеесет и шестгодишниот Бенџамин Шрајбер е осуден на безусловна доживотна робија во државата Ајова, откако во 1996 година претепал човек до смрт.
Тој тврди дека ја отслужил доживотната казна затвор, бидејќи пред четири години за време на операција срцето на кратко му престанало да работи, но подоцна е вратен во живот.
Судиите го отфрлиле барањето на Шрајбер со образложение дека, иако е оригинален, не е доволно убедлив.
Тој во 2015 година добил сепса, а претходно почнал да му се движи камен во бубрегот. Лекарите во болницата морале да го реанимираат, но тој целосно заздравил и се вратил в затвор.
Затвореникот во жалбата нагласил дека лекарите го оживеале против негова волја, а неговата кратка смрт значела дека, технички гледано, тој ја отслужил казната.
Сепак, во заклучокот од судското образложение при отфрлање на жалбата, се истакнува дека казната на Шрајбер ќе биде завршена дури кога стручно лице ќе констатира смрт.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација