Македонија
7. May 2021 - 11:13

Затворска казна за уште еден обвинет кој издавал лажни пасоши

Уште еден обвинет случајот "Двојник" кој  на почетокот на денешното судење призна вина, доби затворска казна. Шемседин Јашари е осуден на една година и 7 месеци затвор. Доби и забрана за извршување на професијата во следните 10 години. Осудениот веќе издржува казна затвор за друго кривично дело. Пред два дена признаа вина и затворски казни добија:

Денис Баруфи     2 год. 7 месеци;

Ален Личина       2 год. 3 месеци;

Раиф Мифтари   2 год. 3 месеци;

Ѓорѓе Велков      2 години;

Фарук Биља        6 месеци условна казна затвор.

Според судот, сторителите како овластени лица во МВР биле должни да влеваат доверба во системот, а не истите да го прекршуваат.

Со цел да прибават имотна корист, како што се наведува во пресудата, обвинетите, издавале документи со туѓ идентитет на лица со дебело криминално досие и барани со меѓународни потерници. На обвинителна клупа остануваат уште 4 лица.

Елена Милошевска