Македонија
15. January 2021 - 21:17

Заврши дебатата по законот за попис, гласањето одложено

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе одлучува кога и како да ја покрене иницијативата за собирање на 10.000 граѓански потписи за предлог закон за поништување на пописот во април. Одлуката ќе биде донесена имајќи предвид дека вечерва заврши собраниската дебата по владиниот закон за попис и се чека само негово усвојување од владејaчкото мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека ваквиот попис нема да го прифати бидејки го смета за криминален и нема да ја даде вистинската слика за населението кое живее на територијата на државата.

Министерот за правда Бојан Маричиќ пак, токму ВМРО-ДПМНЕ ја обвини за тоа зошто не се знае колку граѓани има државата.

И пратениците од власта со истите критики до опозицијата.

По тродневна дебата во собранието, власта не успеа да го обезбеди потребниот кворум за да го изгласа законот за попис иако потребното мнозинство е обезбедно и со гласовите од владејачката коалиција и со гласови на албанската опозиција.

Гласањето, најверојатно ќе се случи на почетокот на наредната недела.