Македонија
27. May 2016 - 20:04

Заврши реконструкцијата на детското одделение во Прилепската болница

 По неколкумесечната интензивна работа за целосна реконструкција на прилепската Болница, Детското одделение е првото каде реконструктивните работи се завршен и веќе е ставено во функција. Останатите одделенија треба да бидат завшени до крајот на летото, посочи денеска во Прилеп, ресорниот министер Никола Тодоров.

Освен реконструкцијата, менаџерскиот тим работи и на доекипирањето на кадарот, така што, со финасиска помош од Министерството, на специјализација со кофинансирање ке бидат испратени уште шест прилепски лекари.

Инаку, за реновирање на прилепската Болница, Владата издвои 70 милиони денари. Пред неколку години целосно беше ренконструрано и Гинеколошкото одделение, кое сега спаѓа во едно од најсовремено опремените во земјава