Фудбал
31. May 2017 - 18:59

Заврши сезоната во Првата македонска фудбалска лига

 
 
Со натпреварите од последното 36.коло заврши фудбалската сезона во Македонија, односно Првата лига (ПМФЛ). 
 
Вардар е старо-новиот првак. Вардарци го освоија 10-тиот јубилеен шампионски трофеј независна Македонија. Тие ќе не претставуваат во квалификациите за Лигата на шампионите, додека Шкендија, Работнички и Пелистер ќе играат во квалификациите за Лига Европа. 
 
Екипите на Академија Пандев и Скопје ќе бидат новите прволигаши, на местата на Брегалница и Македонија ЃП кои се селат во Втората лига. 
 
Која ќе биде последната екипа која следната сезона ќе игра во Првата лига ќе се знае по бараж дуелот меѓу Шкупи и Новаци.
 
Резултати од последното 36.коло во ПМЛ:
Вардар – Силекс 0-0, 
Шкендија – Пелистер 3-1, 
Брегалница - Работнички 6-2, 
Победа - Ренова 0-3 и 
Шкупи - Македонија ЃП 1-1. 
 
Табела: Вардар 83 бодa, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија ЃП 23. ит/