Loading Video...
Фудбал
6. December 2021 - 18:29

Завршница на групната фаза во ЛШ, остануваат уште пет места за 1/8-финалето

Вниманието на европската спортска јавност во наредните два дена се натпреварите од последното коло во групната фаза од Лигата на шампионите
 
Утре и задутре ќе се играат средбите од последното 6.коло по групи во Лигата на шампионите по кои ќе ги дознаеме сите шеснаесет екипи кои ќе продолжат во нокаут фазта. 
 
Остануваат уште пет слободно места за кои во игра се дури единаесет екипи. 
 
Утре на програмата се дуелите од А до Д групите во кои има само една непозната. Кој ќе биде тимот кој ќе го освои второто место во Б групата, зад Ливерпул.
 
Во условно речено најповолна ситуација е Порто кој има бод повеќе од ривалите Милан и Атлетико Мадрид. 
 
Згора на тоа, португалскиот тим ќе иа има и предноста на домашниот терен во дуелот во Атлетико, додека Милан пред својата публика ќе се обиде да го победи Ливерпул кој на исминатите пет средби забележа исто толку победи. 
 
Далеку понеизвесно ќе биде во среда, кога ќе се играат средбите во егментот на групи од Е до Х конкуренцијата. 
 
Таму во Г група сите четири Лил, Стразбур, Севилја и Волфсбург имаат шанси да завршат на првите две позиции со тоа што на францускиот тим доволен му е и бод на гостувањето кај Волфсбург кој мора да победи.
 
Минхенски Баерн кој се сигурен во Е групата ќе ја пречека Барселона, додека Бенфика ќе биде домаќин на отпишаниот Динамо Киев. 
 
Каталонците ќе имаат тешка задача бидејќи имаа два бода повеќе од португалскиот тим, па доколу Бенфика го победи Динамо, што е за очекување, тогаш и Барселона ќе мора да слави против Баерн кој досега беше перфектен на петте средби. 
 
Но, задачата на избраниците на Чави ќе биде и дополнително потешка ако се земе во предвид дека на овој меч Барселона не ќе моќе да смета на одличниот напаѓач Ансу Фати кој е повреден.