Македонија
2. February 2016 - 8:50

Завршува проектот за јакнење на капацитетите на Народниот правобранител

Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде одбележано затворањето на твининг проектот „Промоција на надлежностите на Народниот правобранител и јакнење на институционалните капацитети“.

Проектот беше спроведен од страна на Народниот правобранител во соработка со Канцеларијата на Австрискиот омбудсман борд и Лудвиг Боцман Институтот за човекови права.

На настанот е најавено присуство на народниот правобранител Иџет Мемети, претседавачот на австрискиот Омбудсман борд Гертуде Бринек, шефот на Делегацијата на Европската унија, Аиво Орав и на австрискиот амбасадор Ренате Коблер.