Македонија
31. October 2020 - 17:09

Здравствениот дом во Вевчани адаптира простор со 8 кревети за болни од Ковид-19

Се полнат болничките капацитети во охридско струшкиот регион. По преадаптираните оддели во охридската болница, на геријатрија, дел од интерно и хирургија за третирање на пациенти болни од Ковид 19 и здравствениот дом од Вевчани адаптира простор со 8 кревети со паравани во дневната болница за лекување на заболени пациенти. Во Вевчани ќе се примаат пациенти со полесна клиничка слика, оние кои ќе мора терапијата да ја примаат во болница.

Моментално во охридската болница има 58 пациенти од кои 15 се на кислородна подршка,додека во струшката има 9 пациенти од нив 6 се на кислородна подршка. Со оглед на зголемениот број на заболени лица од Центарот за јавно здравје посочуваат максимално да се почитуваат мерките за заштита.

Инаку според податоците од Центарот за јавно здравје од 24 ти до 30 ти октомври во Охрид Ковид 19 е дијагностициран кај 120 додека во Струга кај 54 лица. Активни се  232случаи  во Охрид а 101 во Струга.