Македонија
18. February 2020 - 16:31

Здруженијата за заштита на животните не се согласуваат со програмата на ЈП „Лајка“

Долгонајавуваниот стационар Лајка, нема да го реши проблемот со бездомите кучиња, реагираат невладините за заштита на животни.За активистите спорни се повеќе точки од програмата, особено делот со кој се предвидува евтаназија на бездомните кучиња.

Од невладината велат дека и покрај бројните предлози како да се реши долгогодишниот проблем, надлежните останале глуви за нив.

Во меѓувреме дополнителниот заменик министер за земјоделство Трипуновски го критикуваше Градот Скопје поради се поголемиот број бездомни кучиња и полседиците што од нив ги трпат граѓаните.

Град Скопје сега нема прифаталиште за бездомни кучиња и проблемите се чувствуваат, не поминува ден, а да нема нападнати граѓани, ниту пак има институција која ги заловува кучињата скитници со цел нивна кастрација и вакцинација. Проблемот со кучињата скитници е огромен. Преку 6.000 кучиња скитници во Скопје се по улиците, а воопшто немаме прифатилиште што ќе работи за нивно згрижување и третман.

Од град Скопје не одговорија на ваквите обвинувања.

За вечерва најавија јавна презентација на програмата за работа на стационарот,најавен уште пред една година,  со цел да се разјаснат дилемите и нејаснотите околу начинот на кој треба да фунцкинира претпријатието, Лајка.