Loading Video...
Свет
21. February 2020 - 22:37

Зехофер: Висока опасност од десничарски екстремизам во Германија

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер оцени дека нападот во Ханау бил терористички напад мотивиран од расизам.

Зехофер укажа на тоа дека станува збор за трет десничарски терористички напад во само неколку месеци, воедно оценувајќи дека опасноста од десничарскиот екстремизам, антисемитизам и расизам во Германија е многу голема.

Зехофер најави зголемено присуство на полицијата пред џамиите, како и поголемо присуство на полицијата најави и на железничките станици и на аеродромите.