Македонија
22. October 2018 - 19:27

Зелена нафта за земјоделците се уште нема

Цената на енергенсите расте, а земјоделците сеуште ја чекаат зелената нафта која државата им ја вети уште пред една година. Од стопанската комора  велат дека немаат добиено никаква информација  од Владата кога точно би можеле да ја очекуваат. Нејзината примена ќе им помогне да ги  намалат трошоците за нафатата која ја користат во работата,  чија цена константно се зголемува изминатиов период. Ако тој тренд продолжи и во иднина земјоделците ќе мора да ги поскапат производите.

Државата нема ниту  слух за нивниот предлог - термалните води да се користат за загревање на оранжериите.

Од министертвото за земјделство пак сооптија дека очкеуваат евтината нафта да биде воведена до крајот на годинава.  Во моемнов се тестира модел преку кои ќе се врши исплата на парите. Инаику  зелената нафта го пројде собранискито филтер уште во мај.

Со нејзината примена државата ќе покрива до 50 отсто од трошоците за гориво во земјоделството, а секој земјоделец ќе добие  платежна картичка за купување на зелена нафта. Мерката беше најавувана како решение од зголемувањето на акцизата за дизелот. Тогаш опозицијата обвини дека ваквата мерка е популистичка и дека не ја остварува вистинската суштина.