Бизнис
24. January 2018 - 13:02

ЗЕМААТ СКОРО 100.000 ДЕНАРИ: Еве ја најплатената професија во Македонија

Со месечно покачување од дури 82 проценти вработените во воздухопловството во ноември изминатата година заработиле над 96 илјади денари и со тоа пилотите и другите професионалци од овој сектор се искачија на врвот на најплатени професии во Македонија.

Веднаш по нив се програмерите со плата од над 50 илјади денари, а третото место е резервирано за кадрите од финансискиот сектор. Во претпоследниот месец од 2017-та година, нивните плати изнесувале над 45 илјади денари.

Зад нив се вработените во фармацевтската индустрија (42 илјади денари) и вработените во телекомуникацискиот сектор (38 илјади денари).

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017-та година просечната нето плата изнесувала 23.196 денари што во споредба со претходниот месец изнесува за 163 денари помалку.

Во ноември дури 1.1 отсто од вработените не добиле плата за сработеното.