Македонија
14. August 2020 - 16:38

Земјоделците од струмичко заинтересирани за ИПАРД програмите

Земјоделците од Југоистокот имаат потреба од модернизација на нивните стопанства, посебно во делот на приклучна механизација. Ова го покажуваат пристигнатите апликации за искористување на средства од ИПАРД програмата за која повикот заврши пред десетина дена. До регионалното одделение на агенцијата за поттикнување и развој на земјоделието во Струмица најмногу апликации пристигнале од земјоделците во струмичкиот регион, а потоа следуваат земјоделците од Валандово и Гевгелија. Најмал интерес покажале земјоделците од Радовиш.

Земјоделците чии апликации ќе бидат одобрени ќе имаат можност да набават нова приклучна механизација за која кофинансирањето се движи од 60% па нагоре. Кофинансирање од 65% добиваат младите земјоделци, а до 70% за земјоделците од тешко достапните подрачја.