Балкан
22. January 2021 - 9:11

Земјотрес од 4,5 степени во близина на грчкиот остров Крит

Во морскиот дел меѓу грчките острово Крит и Касос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 4.5 степени, според податоците од Геодинамичкиот институт на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Епицентарот бил 48 километри северозападно од Касос, а засега, нема информации за повредени или материјална штета.