Свет
11. July 2017 - 9:40

Земјотрес од 5,2 степени ја затресе Јапонија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска Јапонија, соопшти јапонската Национална метеоролошка служба. 

Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Кагошима, на длабочина од десет километри. 

Засега нема податоци за евентуални жртви, ниту причинета материјална штета.

Националната метеоролошка служба на Јапонија најпрво прогласи опасност од цунами, но по неколку минути ја укина