Свет
21. October 2016 - 8:36

Земјотрес од 6,6 по Рихтер го погоди западниот дел од Јапонија

Земјотрес со интензитет од 6,6 степени по Рихтеровата скала го потресе денеска западниот дел на Јапонија. Нема опасност од цунами, соопштија властите.

Земјотресот е регистриран во јапонската префектура Тотори, на околу 700 км западно од Токио, на длабочина од 10 км.

Засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.