Loading Video...
Свет
30. October 2020 - 16:34

Земјотрес од 7 степени по рихтер ги затресе Турција и Грција

Најмалки четири лица загинааа, а над 120 се повредеи во земјотресот во Турција. Потресот со јачина од седум степени според рихертоавата скала предизвика голема материјална штета во Измир и околните градови. Срушени се повеќе од 20 згради. Тресењето се почувствувало и во Атина, Истанбул и на грчкиот остров Крит.

Американската претседателска кампања влегува во завршница. Изборите се на 3 ноември, а три дена подоцна би требало да се знае кој ќе биде 46 –от претседател на САД. Дел од политичките аналитичари не ја исклучуваат можноста следниот петок  да не биде познат исходот поради гласовите по пошта, кои ќе бидат во огромен број поради ковид пандемијата. Битката за Белата куќа ја водат републиканецот и актуелен претседател Доналд Трамп и демократот Џо Бајден. Досега правото на рано гласање на изборите го искористија рекродни над  81 милиони Американци.   

Митрополитот црногорско–приморски Амфилохије почина утрово во Клиничкиот центар во Подгорица. Во краткото соопштение од неговата митрполија се наведува дека починал од оштетување на белите дробови предизвикано од ковид 19.  Денеска е еден од најтажните денови за нашата цркава. Замина добар човек и голем теолог истакна патријархот на Српската православна црква Иринеј. Митрполитот имаше 82 години. Во негова чест ѕвоната во сите православни храмови во Црна Гора ќе ѕвонат до неговиот погреб, односно до недела.